Целисходноста, па дури и опстанокот на Европска Унија е под знак прашање како никогаш досега, а на европските граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ, пишува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во авторски текст што го пренесува „Данас“.
Таа додава дека изминатите неколку години Европа станала нестабилна и помалку безбедна, а кризите во рамките на ЕУ, но и надвор од границите, директно влијаат врз животите на сите европски граѓани.
– Во тешки времиња како овие, силна е онаа Европа која размислува стратешки, ја дели визијата и дејствува како единствена целина. Откако во Обединетото Кралоство беше изгласано излегување од ЕУ, Европејците навистина ќе мораат повторно да размислат како нашата Унија функционира – наведе Могерини.
Според неа се знаат принципите, интересите и приоритетите на земјите членки на ЕУ.
– Сега не е време за политичка неизвесност. Потребна е стратегија која ја спојува заедничката визија со заедничко дејствување – оценува Могерини