Ќе се затвораат диви депонии во 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион

Сподели

 

На 88-та седница усвоена е одлуката за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.
 
Со проектот за затворање на дивите депонии, ќе се спречи создавање емисии на отровни гасови, ќе запре загадувањето на почвата и подземните води, микробиолошкото загадување, ќе се спречи појавата на неконтролирани пожари во депониите од кои дополнително се загадува воздухот, а ќе се запре и загадувањето кое произлегува од палењето на земјоделскиот отпад на отворено. Исто така ќе се создадат капацитети за трансформација на отпадот во обновлива енергија и суровини, а инвестицијата ќе го поттикне економскиот развој со отворање на нови работни места и ангажирање голем број домашни компании.