ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и многу топло, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ=9

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне и во текот на ноќта во делови од регионот ќе има повремено пороен дожд, грмежи проследени со засилен ветер и услови за појава на град. T= 39 °C, P= 972 hPa, U= 42 %, V= 9 m/s.