Холандската фудбалска репрезентација го врати на селекторската позиција Луис ван Гал по трет пат во историјата, објави федерацијата.
69 годишниот Ван Гал ќе го замени Франк де Бур кој поднесе оставка по поразот од Чешка во осминафиналето на Европското првенство.
Холанѓанецот првпат ја предводеше репрезентацијата од 2000 до 2002 година, кога не успеа да се пласира на Светското првенство.
Во својот втор мандат, имаше повеќе успеси, бидејќи го предводеше тимот до третото место на Светското првенство во Бразил 2014 година.
За време на тренерската кариера, Ван Гал го предводеше Ајакс да ја освои Лигата на шампионите во 1995 година, а исто така беше на клупата на Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
The post По третпат во кариерата ќе ја води Холандија – Ова е новиот селектор на ,,Лалињата,, appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico