Филипче: Со бројки ја докажуваме ефикасноста и ефективноста на вакцините

Сподели

 

Вакцинацијата е единствениот механизам и спас ние да излеземе од оваа криза истакна вечерва министерот за здравство д-р Веко Филипче во интервју во вестите на телевизија Сител. 

“Битно е да се вакцинираат граѓаните тоа го покажува и бројот на новодијагностицирани случаи. Од нив, само мал процент се вакцинирани, исто е и со бројот на хоспитализирани кои се во прилично стабилна здравствена состојба. Најбитно од се, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход доколку се зарази некој кој е целосно вакциниран. Тие принципи се наметнуваат во целиот свет. Сите сме свесни дека тоа е единствениот начин да излеземе од пандемијата, да го вратиме назад животот. Гледаме во некои земји каде е поголем опфатот на вакцинација има и масовни собирања, иако има зголемен број на новодијагностицирани случаи, Велика Британија на пример, нема оптеретување на болниците” – рече Филипче.

Министерот објасни дека кај нас имаме една специфична ситуација, односно оптеретени се болниците во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани како Тетово, Гостивар, Куманово каде процентот на вакцинирани граѓани е до 23% од вкупнот број на населението таму. Во градовите каде вакцинацијата на населението достига и над 47-48% до 50% како Битола, Штип, Охрид во болниците нема таков притисок, што значи дека  има и докази дека вакцините даваат резултати, истакна Филипче. 

“Се докажува и ефикасноста, на 1 милион дадени дози ние немаме некој посериозен несакан ефекти од вообичаените несакани ефекти, црвенило, еден до два дена покачена температура и исклучително мал број луѓе од 500 илјади веќе кои се новодијагностицирани и заразени. Верувам дека овој сет на мерки кои ги препорачуваме се со цел да се зголеми опфатот на вакцинација, но и да се спречи ширењето на вирусот” – рече министерот Филипче.