Заев: СДСМ со коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ оди на локалните избори

Сподели

 

СДСМ заедно со уште 20 партии потпиша договор за заеднички настап на локалните избори. Тоа е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

“Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на претстојните локални избори ќе има широка кадровска понуда и принципиелна соработка, во првиот и вториот изборен круг”, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

“Во духот на високите демократски стандарди и принципи за коалициска доверба и партнерство кои заеднички ги прифативме и согласно определбите на помалите наши партнери за факторизација пред своите гласачи, дефиниравме соработка на повеќе нивоа.

Заеднички застануваме зад заеднички советнички листи но и зад 69 градоначлници.

Вредносниот граѓански концепт на „Едно општество за сите“ значи продолжување на успешната коалициска соработка со партнерите ДУИ, БЕСА и ДПА на локалните избори. Секако преку изградени критериуми за взаемна поддршка на кандидатите со најдобра програма и најголема доверба кај граѓаните.

Знаеме и сигурни сме дека граѓаните ова го препознаваат. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ оди на уште една убедлива победа на локалните избори. Граѓаните ќе изберат иднина и развој наместо блокади, кавги и враќање назад”, порача лидерот на СДСМ,Зоран Заев.