Итна вонредна седница на Владата за решавање на трагедијата во Тетово

Сподели

 

Вчеравечер во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне.

Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

За денеска во 10 часот закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.