Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, известува дека поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се откажуваат најавените настани.
Претседателот Стево Пендаровски на својот фб профил изрази сочувство до настраданите во пожарот.
“Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување.”