ЈП Лајка: Септември месец посветен на подигнување на свеста за одговорно сопствеништво кон кучињата

Сподели

 

ЈП Лајка го одбележува месец септември како месец посветен на подигнување на свеста за одговорно сопствеништво кон кучињата. Да се биде сопственик на куче не е само привилегија, туку и одговорност. Затоа, советуваме:

  • ВЕТЕРИНАРНА ГРИЖA: Редовни прегледи кај ветеринар на Вашиот домашен миленик;
  • Редовна ВАКЦИНАЦИЈА против заразни болести и беснило;
  • Редовно ПРОЧИСТУВАЊЕ против внатрешни и надворешни паразити;
  • ОДДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА: хранење со соодветна храна и редовно напојување со свежа вода;
  • Законска обврска за ИДЕНТИФИКАЦИЈА и микрочипирање на Вашето куче и внесување на Вашите податоци во системот на миленици;
  • СООДВЕТНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ во внатрешни или надворешени услови, со цел заштита при ниски или високи температури;
  • ФИЗИЧКИ АКТИВНО КУЧЕ Е ЗДРАВО И СРЕЌНО КУЧЕ и затоа советуваме редовни прошетки;
  • СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА: Редовниот контакт со луѓе и други миленици го прави посамоуверено и посреќно Вашето милениче;
  • ГРИЖА ЗА ХИГИЕНА: Редовно бањање, чешлање, посета на грумер;
  • СТЕРИЛИЗАЦИЈА/КАСТРАЦИЈА со цел превенција од зголемување на популација на бездомни кучиња;