“Заев заборави на ужасот во Тетово, сака да заборавите и вие. Прашањето е дали ќе му заборавите, дали ќе му дадете повторно апсолутна власт и дали тој ве направи среќни и дали направи да живеете поубаво?
Четири дена Заев го нема во јавност. Не излегува, се крие од народот, затоа што бега од одговорност.
Заев денеска наместо да ги разреши Филипче и Хасани, пишува статуси на Фејсбук и лаже колку тоа сме блескале на економско поле, а во реалноста народот нема 50 денари во џеб и преживува, а сега дел од тој народ и жив изгоре.
Бегањето од случајот со траорната несреќа во Тетово нема да го смени фактот дека Заев, Груби и Филипче се одговорни и мора да си одат”, се наведув во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.