Филипче: Не сте сами! НАПРЕД РОЗОВО!

Сподели

 

Денеска чекоревме со Борките, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
 
 
 
 
Почнувајќи од 2019, заедно направивме многу. Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином на дојка и други малигни болести. Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите кои не се со живеалиште во Скопје, сега ја примаат терапијата во својот град, а доколку не се подвижни, преку Црвениот крст таа им се носи и дома. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите.
 
Остануваме посветени на обезбедување максимална здравствена заштита за сите наши граѓани и активна и инклузивна соработка со граѓанските организации. Само со заеднички напори може да го унапредиме нашиот здравствен систем. Редовните лекарски контроли, но и самопрегледот на дојка се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Не сте сами! НАПРЕД РОЗОВО!