Беше член на американскиот Дрим Тим, а сега потпиша за клуб за кого не сте слушнале!

Сподели

КЕНЕТ ФАРИД, 31-годишен американски кошаркар кој имаше респектабилна НБА кариера, одлучи да замине од НБА и да заигра во лигата на Порторико.

Фарид, кој игра на позицијата крилен напаѓач беше член на американскиот дрим тим со кого беше светски шампион во 2014 година и член на најдобрата петорка во лигата, последен пат играше во НБА во 2019 година во Хјустон.

Пред тоа, тој го носеше дресот на Денвер седум сезони и го доби прекарот ,,Manimal,, за неговата агресивна и пожртвувана игра во одбраната.

Неговата кариера е во опаѓање по проблемите со грбот во 2017 година. Потоа се пресели на клупата во Денвер. Тој беше отпуштен од Бруклин во 2019 година по само 12 натпревари и остана во Хјустон 25 натпревари.

Замина во Кина на крајот од истата година, но го раскина договорот со Жеџијанг Лавовите по само седум натпревари.

Неговиот нов клуб по двегодишна пауза е Леонес де Понс од Порто Рико.

The post Беше член на американскиот Дрим Тим, а сега потпиша за клуб за кого не сте слушнале! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico