Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце

Сподели

 

Пациентот кому завчера му беше пресадено срце од мртов донор, се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација.

“Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики”, напиша министерот за здравство Филипче утрово на Фејсбук.

Ова е шеста трансплантација на срце во земјава. Донор на срцето  е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ и била дијагностицирана мозочна смрт, а нејзиното семејство одлучило да ги донираат нејзините органи.