По нападот во Ница се уште е непозната судбината на многу луѓе, а меѓу нив и на 28 ученици од училиште од Берлин.
Германските медиуми јавија дека двајца ученици и еден учител од училиштето „Паула Фирст“ од Берлин загинале во нападот, а неколку деца биле во критична состојба.
Информацијата ја потврдил наставник од ова училиште. Децата биле на еднонеделна екскурзија во Ница.