Со премиера на операта „Евгениј Онегин“ според поемата на Александар С. Пушкин, музика на Петар Илич Чајковски и во режија на Дејан Пројковски, на 9 мај во Македонската опера и балет ќе бидат отворени 44 Мајски оперски вечери.
Диригент: Саша Николовски-Ѓумар, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија: Марија Пупучевска, а кореограф е Олга Панго.
Насловната улога ќе ја игра младиот баритон Иван Наумовски, во улогата на Татјана ќе настапи Тамара Калинкина од Украина, ликот на Олга ќе го игра Николина Јаневска, а Ленски ќе го толкува хрватскиот оперски пејач од ХНК во Осијек: Домагој Доротиќ. Во останатите улоги ќе настапат: Елена Петрушевска, Марика Поповиќ, Владимир Саздовски, Диме Петров и Борко Биџовски.
Репризата е на 11 мај, со почеток во 20.00 ч.