Швајцарецот е во голем пад до крајот на годината. Следниот понеделник ќе се случи она што АТП го одложи со нелогични одлуки во претходните години – Роџер Федерер ќе испадне од Топ 10!
Во последните две години, АТП користеше различни методи за промена на системот на бодување со цел да спречи Швајцарецот нагло да падне на АТП листата.
Последниот пат кога Роџер Федерер не беше меѓу најдобрите десет во светот беше во јануари 2017 година.
Турнирот во Индијан Велс создава смени на АТП листата. Имено, Полјакот Роберт Хуркач освои доволно поени со триумфот над Франсис Тиафо и пласманот во осминафиналето на Мастерсот за да го симне Роџер Федерер од десеттата позиција.
Швајцарецот сепак би можел уште да назадува бидејќи Италијанецот Јаник Синер, во случај на победа над Џон Изнер, има можност да го потисне.
Федерер, освојувачот на 20 Грен слем титули, ќе се соочи со остар пад на АТП листата до крајот на годината, бидејќи нема да настапи на ниту еден турнир. Ова само ги засилува шпекулациите за неговото пензионирање.
Доколку АТП не воведеше систем на „замрзнат рејтинг“ во претходните 22 месеци, Федерер одамна ќе беше километри подалеку од тенискиот врв.
Имено, од почетокот на сезоната, тој одигра само шест турнири на кои не беше импресивен. Последен пат се појави на тениските терени на Вимблдон, кога беше елиминиран од Роберт Хуркач, кој ќе го исфрли од Топ 10 на АТП листата.
The post И тоа се случи: По 5 години Федерер испадна од ТОП 10 – Дали заминува во пензија? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico