Гостување на театарот „Јордан Х. К. Џинот“, Велес
Според четири соби на Kвентин Tарантино и други автори
Режисер: Синиша Евтимов
Сценограф и костимограф: Александар Ношпал
Композитор: Сашко Костов
Играат: ФАИК МЕФАИЛОСКИ,САМОИЛ СТОЈАНОВСКИ, МАЈА ЉУТКОВ, КЕТИ БОРИСОВСКА, ТАЛИЈА НАСТОВА, ЗОРИЦА П. ПАНЧИЌ, СИМОНА ДИМКОВСКА, ЖАРКО СПАСОВСКИ, ИСИДОР ЈОВАНОВСКИ, БЛАГОЈЧО СТОЈАНОВ
Живееме во момент од човековата историја кој би го нарекол, “Од по тенка жица, над огромен амбис”. И овој екстремен спорт, кој милуваме да го негуваме во последно време, во одреден момент, неизбежно ќе предизвика епска промена.Резултатот ќе зависи од тоа колку фокусирано и сериозно ќе пристапиме кон преминот на другата страна. Можеби ќе го одржиме балансот и ќе успееме, но сосема возможен е и терминален исход, доколку безгрижно продолжиме да скокаме по жицата, мислејќи дека е трамполина. Но сето ова е привид, затоа што, во моментов, за жал, не сме ни свесни дека одиме по жица. Немаме време да мислиме на тоа, зафатени сме со себе. Интернетот е крив. А и државата. Ма сите околу нас. Само не ние. А фасцинантно е како успеваме ништо да не научиме од приказните. Нарцис беше ….
*Цената на билетот е 300 ден.