ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на тивкото мнозинство ќе одлучи за создавање на нова иднина

Сподели

 

Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден.

Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги.

Тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата.

Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас.

Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток.

Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени.

Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината.

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, Локални избори 2021