Движењето „Одлучно за промени“, составено од ЛДП и ДОМ кои на локалните избори настапуваа сами, изразија задоволство од постигнатите резултати како коалиција на локалните избори. Тие ги демантираат шпекулациите дека биле во преговори за ново парламентарно мнозинство или рушење на Владата. ЛДП и ДОМ остануваат во владината коалиција и порачаа дека гласачите сами ќе проценат за кого ќе гласаат во вториот круг на изборите.
„Ние сметаме дека нашите гласачи се доволно интелигентни и доволно паметни и нема потреба да ги насочуваме овие 30 000 лица за кого да гласаат. Тие знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле да се пазариме со тие гласови, а нашата цел не е тоа, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски, и најави дека ќе разговара со премиерот Зоран Заев за промени во политиките, бидејќи граѓаните ја казниле на овие избори.“, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, изјави дека тие не располагаат со овие гласови, туку тоа се гласови на граѓаните. Како што рече Морачанин, таа е убедена дека граѓаните се многу мудри и знаат што значи функцијата градоначалник, па затоа верува оти гласачите ќе го поддржат оној кандидат за кој сметаат дека ќе ја движи општината или градот во позитивен правец.