Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури доаѓа во Белград на Светското првенство во бокс, пренесува хрватски Вечерњи лист.
Британецот неодамна ја одбрани титулата светски шампион на ВБЦ, победувајќи го Дионте Вајлдер со нокаут во 11. рунда, нанесувајќи му го вториот последователен пораз на Американецот во меѓусебните мечеви.
Освен Фјури, во српската престолнина треба да дојде и Украинецот Олександр Усик, одличниот боксер кој на крајот на септември го победи Британецот Ентони Џошуа и со тоа ги презеде четирите појаси (VBA, IBF, VBO, IBO) во тешка категорија.
Своето присуство и претходно го најави поранешниот светски шампион легендарниот Мајк Тајсон.
The post Светскиот боксерски крем на едно место – Шампионите во тешка категорија доаѓаат во регионот на СП! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico