Вкупно се аплицирани 1.590.219 дози вакцини, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Сподели

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 како прва доза, 1.472 се ревакцини, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356, а трета доза примиле 10.386 граѓани.
Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.