Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, што се одржа во неделата. Втор круг избори на 31 октомври, ќе има во 44 општини.
Избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се:
Аеродром – Тимчо Муцунски
Босилово – Ристо Манчев
Бутел – Дарко Костовски
Велес – Марко Колев
Виница – Миле Петков
Гази Баба – Бобан Стефковски
Ѓорче Петров – Александар Стојковски
Градско – Киро Нацков
Зрновци – Борчо Коцев
Илинден – Александар Ѓоргиевски
Јегуновце – Димитар Костадиновски
Кавадарци – Митко Јанчев
Карбинци – Виктор Паунов
Могила – Драганчо Сабатковски
Неготино – Горан Стојанов
Новаци – Стевче Стевановски
Петровец – Борче Митевски
Прилеп – Борче Јовчевски
Свети Николе – Дејан Владев
Сопиште – Стевче Трпковски
Штип – Иван Јорданов
Избрани градоначалници од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ се:
Берово – Звонко Пекевски
Богданци – Блаже Шапов
Валандово – Перо Костадинов
Делчево – Горан Трајковски
Дојран – Анго Ангов
Крива Паланка – Сашко Митовски
Кривогаштани – Николче Мискоски
Крушево – Томе Христовски
Струмица – Константин Костадинов
Избрани градоначалници од ДУИ се:
Липково – Еркан Арифи
Сарај – Блерим Беџети
Тоа се конечните резултати за општините каде што нема поднесено приговори. Во Кисела Вода, каде според гласовите Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, е поднесен приговор, а исто и заопштините Дебар, Пласница и Шуто Оризари, во кои ќе има втор круг.
Во втор круг, пак, ќе се гласа во следните општини и во Град Скопје: Арачиново,
Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар:, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Град СКопје
Нови избори ќе има во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, оти во првиот круг не е постигнат условот да излезат на гласање најмалку третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.