Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана нов амбасадор на Светското првенство во Катар, пренесуваат медиумите во Британија кои наведуваат дека за еден потпис ќе инкасира 150 милиони фунти (околу 178 милиони евра)!
Локалниот таблоид „Сан“ пренесува дека Бекам на почетокот на октомври бил една недела во Доха и дека потпишал 10-годишен договор според кој како амбасадор на Катар воопшто ќе добива 15 милиони годишно – вклучувајќи ги туризмот и културата.
Бекс наводно бил поврзуван со катарските шеици откако играл за Пари Сен Жермен, но прво морал да се консултира со сопругата Викторија за конечна одлука. Причина за тоа се контроверзните одлуки на Катар поврзани со правата на жените и хомосексуалците.
Сепак, „Сан“ тврди дека Бекам е убеден дека на Светското првенство во 2022 година на навивачите ќе им биде дозволено да носат ЛГБТ знамиња на трибините, а на неговата одлука да ја прифати работата влијаело тоа што се повеќе жени се вклучени во работата на државата.
The post Бекам потпиша договор вреден 150 милиони фунти – Но него и Викторија ги загрижи една ставка! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico