Одржани 44-ти Плавски литературни средби и 19-та ликовна колонија во Црна Гора

Сподели

 

Од 20-ти до 24-ти октомври во Плав, Црна Гора, се одржаа 44-та по ред традиционална манифестација “Плавски книжевни средби” и 19-та ликовна колонија. Историјата на овој регион, испреплетена со различни влијанија на народите и културите, ги даде некои од најплодните творци не само во Црна Гора туку и на Западен Балкан.

 

 

На 19-та ликовна колонија учествуваа истакнати имиња од светот на уметноста и тоа: Исмет Чекиќ од Црна Гора, Мерсиха Мерџановиќ-Мемиќ и Мерима Ивковиќ  од Босна и Херцеговина, Снежана Мелник од Македонија и Ислам Хасиќ од Србија.

„Задоволна сум од манифестацијата, голема чест ми е што овде со мене се уметници од целиот Балкан, имаме интересно искуство со различни јазици, но се разбираме. Оставив едно од моите дела на колонијата, нова експериментална серија. Сакам да ја запознаам Црна Гора и да запознаам други црногорски уметници – вели Снежана Мелник, Украинка која живее и твори во Македонија.

 

 

Посакувајќи им топло добредојде во градот Плав, сите учесници ги поздрави директорот на Центарот за култура „Хусеин Башиќ“, Владимир-Владо Кнежевиќ, кој истакна дека уметноста и културата се најубавата алка што ги поврзува народите. Силата на еден народ се одразува во неговата култура, која е најубавиот претставник. Татковината во нас носи магија, убавина, блискост и носталгија каде и да сме во овој свет.  Професорот и виш библиотекар Алија Реџематовиќ истакна дека  во последните неколку години вложуваат големи и несебични напори за да на вистински начин го претстават вредното мултикултурно наследство на Црна Гора.

Сузана-Ал Салкани, мултимедијален уметник од Македонија, ги едуцираше учениците од основните училишта „Петар Дедовиќ“ од Мурин и “Хајро Шахмановиќ” од Плав, кои на рабоотилниците пишуваа стихови, а потоа стиховите ги пресликуваа во ликовни творби.  Нивните дела беа претставени со делата на менторите на  19-та ликовна колонија и беа доделени награди за освоените места.

 

 

“Преку активностите од работилниците за деца од основните училишта во Црна Гора се запознававме со основите на пишување поезија и нејзина илустрација низ цртежи, користење на бои и основи на композиција во сликарството”- изјави Сузана Ал-Сакини од Македонија.

Во петокот на 22-ри октомври се одржа „Вечер на родокрајните творци“. Програмата на оваа вечер ја сочинуваа истакнати локални творци и тоа: Тодор Живаљевиќ-Велички, Сенадин Пуповиќ, Калтрина Хоти, Ребека Чиловиќ-Лалиќ, Милан М. Петровиќ и Шабан Хсанѓекај кои ги рецитираа своите стихови. Се одржа и сеќавање  на автор  Хасан Шабовиќ. Ребека Чиловиќ-Лалиќ, како модератор на вечерта, разговараше со истакнатиот црногорски писател Андреј Николаидис, кој ги претстави своите два романи „Унгарска реченица“ за кои ја доби наградата Меша Селимовиќ како и романот „Заминување“.

 

 

 

Во саботата на 23-ти октомври, беше отворена изложбата на 19-та ликовна колонија, а потоа настапија учениците и победниците на натпреварот „Вечно отворени врати на татковината“, по што започна централната вечер на 44-те Плавските литературни средби со претставување на победниците кои учествуваа на конкурсот „Млади творци“ , кои ги претставија своите литературни творби за кои им беа доделени пригодни награди. Потоа со изворни песни настапи младата дива Илма Нурковиќ од Рожај. 

 

 

На овие литературни средби настапија истакнати поети од регионот: Сузана-Ал Салкани од Македонија, Тодор Живаљевиќ-Велички, Сенадин Пуповиќ, Ребека Чилovвиќ-Лалиќ. Милица Бабиќ, Сенадин Пуповиќ, Милан М. Петровиќ, Божидар Пророчиќ, Калтрина Хоти, Шабан Хасанѓекај, Сулејман-Беќа Кујевиќ од Црна Гора, Флора Бровина-Косово и Милица Милосављевиќ од Србија.

“Возвишена е помислата да се има дебитантски настап на културна манифестација со 44 години традиција – еднакво толку како е возвишено чувството да се настапува заедно со извонредно значајни писатели и поети. Настапив со дел од мојата прва збирка поезија ,,Инфра црвена“, чија официјална промоција во Скопје се очекува наскоро”- изјави Сузана Ал Сакини.