Доколку сакате да имате вистински другар кој ќе ве придружува на сите ваши авантури во природа, тогаш овие кучиња се вистинските за вас. ЈП Лајка посакува да се вдомат Тери, Луи и Алисија.
Тери има 1 година, среден раст и е микс од шнауцер. Мирен и мил, љубопитен и сака да истражува во природа, додека пак Луи има 1,5 година и е со среден раст. Пресладок миленик, мил и мирен. Алисија беше пронајдена од тимот на ЈП Лајка со црвено каивче околу вратот и со потешкотии во одењето, како резултат од удар од возило.
И покрај активната потрага по нејзиниот сопственик за жал досега никој се уште се нема јавено дека ја бара.
Сите имаат уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.
Секое куче кое ќе го вдомите од кај нас го добивате со пасош, прочистено од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирано/кастрирано, чипирано, вакцинирано од заразни болести, избањата со стекнати хигиенски навики.
Сите единки во прифатилиштето на ЈП Лајка кои се спреми за вдомување се комплетно здрави единки и го имаат поминато целиот хуман третман.
Да ја поддржиме заедно кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“, да покажеме хуманост и да им подариме топол дом на кучињата каков што вистински заслужуваат.
Секое вдомено куче, значи едно бездомно куче помалку на улица, особено во овој зимски период исклучително ниски температури.
За вдомување на куче од прифатилиштето на Лајка и пополнување на прашалник аплицирајте на vdomi@lajka.com.mk.