Демократскиот сојуз му дава безрезервна поддршка на Петре Шилегов

Сподели

 

Денес Демократскиот сојуз одржа прес-конференција на која се обрати генералниот секретар Зоран Димитровски.

 

 

Демократскиот сојуз оценува дека изборната кампања пред вториот круг е многу заострена, со голема жестина во настапите, нереални ветувања, меѓусебни обвинувања и дискредитации помеѓу кандидатите и политичките партии.

Бидејќи првиот круг на изборите помина мирно, во фер и демократска атмосфера, а резултатите беа одраз на определбата на гласачите, ги повикуваме сите политички актери сегашниот негативен набој на изборната кампања да не се одрази на изборниот ден во недела, за и вториот изборен круг да помине мирно, во демократски дух. Очекуваме резултатите да ги признаат сите учесници во изборниот процес.

Демократскиот сојуз му дава безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов и на останатите кандидати на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ.

Во вториот изборен круг ќе се случи пресврт во резултатите, имајќи предвид дека кандидатите на СДСМ и коалицијата водат или имаат реални шанси за победа во 25 општини каде се уште се води изборната трка за градоначалници.

Ги повикуваме сите граѓани, симпатизери и членови на Демократскиот сојуз, во недела масовно да излезат на гласање, за да обезбедиме развој на општините и подобар живот за сите.

Демократски сојуз, локални избори 2021