ИЗЈАВИ: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Сподели

 

petrit-saracini-600x264

Оваа нова форма на клиентелистички капитализам, каде што владејачката партија и членството или гласањето за неа е у ствари пристап до вработување, плата, социјална помош, субвенција, помин на шалтер преку ред итн. каде што победникот на избори носи се`, а сите останати во општеството се на овој или оној начин дискриминирани, допрва ќе станува доминантен модел во светот, низ различни форми.

Сите етички општествени норми и човекови права ќе бидат газени на различни начини, дури и во традиционално силни демократски општества, во име на “легитимитетот” добиен на избори.

Состојбата е таа, има и начини за борба против тоа. Но, пред тоа, потребна е консолидација меѓу дискриминираните и изнаоѓање нов модел, каде што “малцинствата” во демократијата (кои избројани заедно се всушност мнозинството), ќе бидат еднакви граѓани на гласачите на партиите – “победници” на избори.