„Изиџет“ е британска нискобуџетната авиокомпанија која денес ќе го реализира првиот лет од директната авиолинија Скопје-Женева, која ќе се обраќа три пати неделно. Со овој лет „Изиџет“ и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар.
Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, по што се предвидени изјави за медиумите.
Од и кон скопскиот аеродром предвидени се летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната компанија Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен.