ВИДЕО: Гореше 27 секунди во болидот и остана жив – Грожан покажа како му изгледа раката по несреќата!

Сподели

На крајот на ноември минатата година, на Големата награда на Бахреин, видовме една од најужасните несреќи во историјата на Формула 1, но за среќа не со трагичен исход.

Кога Роман Грожан со голема брзина удри во банкината, а автомобилот му се запали во секунда, многумина се исплашиja од најлошото, но Роман Грожан успеа навреме да излезе од возилото во пламен.

Тој бил пренесен во болница каде му биле констатирани повреди, но и изгореници поради кои се уште има лузни.

Роман Грожан мина точно 27 секунди во пожарот, но успеа да се спаси, само раката до денес не се опорави целосно, но не му пречи воживотот по спортската кариера.

Една година по несреќата, Грожан сподели со своите фанови како сега изгледа неговата рака.

Погледнете и како изгледаше страотниот судир во кој автомобилот на Роман Грожан се преполови и целосно изгоре….

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следнава содржина може да биде вознемирувачка!

https://www.youtube.com/watch?v=ZQ7_En2xEm4

 

The post ВИДЕО: Гореше 27 секунди во болидот и остана жив – Грожан покажа како му изгледа раката по несреќата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico