Полицискиот синдикат бара подобрување на економско-социјалниот статус на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП

Сподели

 

“Како што и претходно најавувавме борбата на Македонскиот полициски синдикат за подобрување на економско-социјалниот статус на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП е перманентна и не запира”, се наведува во денешното соопштение на Полицискиот синдикат.

“Имено, како единствен репрезентативен синдикат во МВР, АР, АНБ и УФП изминатиов период покрај останатите активности кои ги превземаме на полето на подобрување на условите за работа и економско социјалниот статус на вработените во погоренаведените институции, интезивно работевме за изнаоѓање на решение  за решавање на проблемот во член 15 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година (Службен весник на РСМ, бр. 307 од 23.12.2020 година) кој гласи:

Дневницата за службено патување во земјата се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службеното патување до часот на враќање со превозното средство и тоа:
   -дневница во висина од 700,00 денари ако службеното патување траело повеќе од 12 часа

   -дневница во висина од 350,00 денари ако службеното патување траело од 8 до 12 часа.

Ваквото законско решение предизвикува голем револт и демотивираност кај нашите членови вработени во МВР, АР, АНБ и УФП,  од причина што истото решение ги доведување во нееднаква и нерамноправна положба вработените во погореспоменатите институции бидејќи за еден ист работен агажман, во ист ден, само поради ова законско решение, на едни од ангажираните колеги им се исплаќат додатоци на плата согласно Колективен договор, а на други колеги им се исплаќа само дневница што е за 200% помал надомест во споредба со додатоците на плата што ги добиваат колегите.

Тука треба да ја  истакнеме специфичноста и сложеноста на вршењето на функциите на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП  кои скоро секојдневно резултираат со преземање на вискоко ризични службени дејствија  како на територија на Град Скопје така и низ другите градови што нужно во пракса се манифестира преку неможноста за однапред планирање на времетрањето на ангажманот на нашите колеги(немањето на фиксно работно време кога се на службена задача што многу често резултира со дури и 24 часовен непрекинат работен ангажман.

Напоменуваме дека и покрај јавно изразената волја за отворен разговор, желбата за изнаоѓање на решение како и искажаниот став за поддршка на синдикалните предлози од страна на раководството на Министерството за внатрешни работи за решавање на овој проблем е утдврдено дека единственото решение за решавање на погоренаведениот проблем стои исклучиво во еден од нашите 02(два) предлози кои денес ги доставивме до Владата и Парламентарните политички групи во Собранието на Република Северна Македонија и тоа:

 
 
 
 
Предлог бр.1

Бришење на членот 15 во новиот Закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

 
 
 
 
Предлог бр. 2
Измена и дополнување на член 15  во новиот Закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година кој би гласел:
 
                         Член 15
Дневницата за службено патување во земјата се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службеното патување до часот на враќање со превозното средство и тоа:
    – дневница во висина од 2000,00 денари ако службеното патување траело повеќе од 12 часа 

   -дневница во висина од 1000,00 денари ако службеното патување траело од 8 до 12 часа.

На крајот сметаме дека сега е вистинскиот момент за измена на едно старо законско решение кое важело пред десетина години и се пресликува секоја година при носењето на Законот за извршување на буџет од причини што тогаш условите за живот биле далеку поефтини за разлика од денес кога во услови на пандемија, економска криза и најавена енергетска криза цените на сите производи секојдневно се покачуваат и општо сите животни трошоци се зголемени за неколку пати.

Во контекст, Ве известуваме дека Македонскиот полициски синдикат своите активности ќе ги насочи кон лобирање кај парламентарните политички партии, пратенички групи и поедини пратеници, со тоа уште еднаш потврдувајќи ја определбата овој проблем да го реши низ институциите на системот со водење на дијалог.

Паралелно со оваа активност, Македонскиот полициски синдикат ќе работи на подигнување на синдикалната свест помеѓу своето членство за евентуално превземање и на други поконкретни синдикални активности, а се со цел постигнување на договор за реализација на предложеното решение”, соопштуваат од Полицискиот синдикат.