Тажно утро за Северна Македонија! Се случи страшна трагедија ноќеска во Бугарија во која загинаа наши државјани, меѓу кои деца и млади.
Со премиерот Заев и со министерот за здравство, Филипче веќе сме во Софија, каде што ги посетивме повредените, но и да дознаеме повеќе за несреќата и причините за истата. Благодарност до колегата Стоев со кој се сретнав во болницата Пирогов, но и до бугарските власти за пружената помош.
Сочувсто и сила на семејствата на загинатите во овие тешки моменти!
Сите седум хоспитализирани кои ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очекува по еден ден или два да бидат префрлени во Скопје, изјави Бујар Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија.
-Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префлриме после во Скопје, рече Османи.