Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешевските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13,8%, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Површината на идното заштитено подрачје – Заштитен предел Малешево, изнесува 11.460,89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.
„Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје“, истакна министерот Нуредини.