Програма за млади менаџери и деловни лидери: Стекни искуство од најдобрите

Сподели

 

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Советот на странски инвеститори ќе спроведе програма за млади менаџери и деловни лидери, која што ќе се реализира од јануари до мај 2022 година.

Целта на оваа програма е повеќе од 30 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

Обуките ќе бидат спроведени во 18 (осумнаесет) компании кои што ќе бидат вклучени во програмата, а се членки на Советот на странски инвеститори, и тоа: ЕВН Македонија, Костал Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Либерти Стил, Комфи Ангел, Ван Хоол, Пивара Скопје, Амфенол Технолоџи Македонија, Ронтис, Кромберг и Шуберт, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Турмак (Џевахир Групација), Цементарница Усје, Баумер, ИутеКредит и Порше Македонија.

Во програмата можат да учествуваат студенти кои што се во последната година од додипломските студии, дипломирани студенти, како и студенти на магистерски и докторски студии на високообразовни институции од научни области со кои се занимаваат компаниите вклучени во оваа програма. Кандидатите треба да бидат на возраст до 29 години.