Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.
На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Република Северна Македонија.
Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници.