Денес Претседателот на Собранието, Талат Џафери, традиционално донираше некондиторски пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, додека во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина” и Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец”, донираше нагледни средства за успешна реализација на наставните програми согласно потребите на учениците.
Следејќи ги и почитувајќи ги протоколите за заштита од КОВИД – 19, Претседателот Џафери не присуствуваше лично да предавањето на донацијата и испрати честитка со желби за здравје, успех и напредок во Новата Година 2022 за децата, за вработените и нивните семејства.
Оваа година, Претседателот Џафери испрати електронска честитка до амбасадорите на странските земји во Република Северна Македонија, до пратениците и службениците во Собранието, потврдувајќи ја и со овој чин посветеноста и заложбата за сведување на употребата на хартија во Собранието во 2022 година само на неопходниот минимум.