Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.