Новак Ѓоковиќ повторно е слободен откако доби дозвола за тоа од федералниот суд во Австралија кој му врати визата, откако истата претходно граничните власти му ја поништија, по што тој неколку денови беше во имиграциски притвор.
“-Задоволен сум и благодарен што судијата ми го поништи укинувањето на визата. И покрај сето што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа. Летав овде за да играм на еден од најважните настани пред неверојатните навивачи. Засега не можам да кажам ништо повеќе освен БЛАГОДАРАМ што бевте со мене низ сето ова и ми и ме охрабривте да останам силен, – напиша Ѓоковиќ.