Владата го разреши Бучковски од функцијата специјален претставник за Бугарија

Сподели

 

Владо Бучковски е разрешен од функцијата специјален претставник за Бугарија. Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за именување за разрешуање на Бучковски.

Тој за ТВ21 посочи кој ќе продолжи да ги води преговорите со соседна Бугарија.

„Со новиот пристап на преговори, Министерствата за надворешни работи на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите“, истакна Бучковски за ТВ21.