Поголем пожар со запалени контејнери во центарот на Тетово

Сподели

 

Жителите во центарот на Тетово, вчера околу 23 часот беа доведени во опасност поради пожар во четири контејнери за отпадоци кои се поставени до една од зградите во комплексот Ловец.

Градоначалникот Биљал Касами се обрати преку социјалните мрежи нарекувајќи го страшен чинот на палење ѓубре.

 

 
– Страшен чин на палење ѓубре, јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна! – напиша Касами на својот официјалне фб профил.