Санкционирани 24 возачи за непропуштање пешаци

Сподели

 

Денеска, во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци на територија на СВР Тетово при што се санкционирани 24 возачи. Од нив 15 на тетовското и девет на поширокото гостиварско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.