Лирман за ДВ: ЕУ и Бугарија треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија

Сподели

 

Сигналите од средбата на македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков во Скопје се многу позитивни и охрабрувачки, оценува во интервју за ДВ, државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман.

Германската дипломатка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

„Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат.  И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу С. Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо“, вели Лирман во интервју за Дојче веле.

“Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите“, вели Лирман.

Текстот во целост можете да го прочитате тука