Почина Аки Рахимовски фронтменот на „Парни ваљак“

Сподели

 

Аки Рахимовски, пејачот на групата „Парни ваљак“, почина денеска во Словенија. Тажната вест беше соопштена на официјалната фејсбук-страница на неговата група.

-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денес, 22.1.2022 година, засекогаш заспа Аки Рахимовски – стои во објавата.
 
 
 

 

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Блад брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак. Тој беше вокал на 18 студиски албуми на групата.