“Денеска имавме успешна и плодна седница на двете Влади. Ги формиравме петте работни групи и започнуваме со реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете земји. Ваквата соработка ќе значи зближување на двете држави и конкретни придобивки за поквалитетен живот на нашите граѓани”, изјави премиерот Ковачевски од Софија.
“Она што сакам да го истакнам е дека членови и копретседавачи на овие групи во најголем дел се министрите во двете влади. Со тоа обезбедуваме силна политичка поддршка за имплементација на зацртаните проекти, која ќе резултира со силен интензитет и брза реализација. Очекувам веќе за шест месеци во сите области да покажеме конкретни резултати.
Денешните средби со премиерот Петков и министрите од двете Влади, ме уверија дека постои волја кај двете страни, за брз напредок во меѓусебните односи. Јас и Кирил сме нови премиери, и имаме одговорност, но и силна желба да успееме во оваа наша амбиција.
Уште еднаш му се заблагодарувам за гостопримството и силно верувам дека ова ново поглавје во односите меѓу нашите две пријателски земји ќе донесе напредок, развој и долгорочни придобивки за двата народи”, додаде Димитар Ковачевски.