Државни одбележувања по повод 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Сподели

 

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, во рамките на државните настани за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Со овие чествувања денеска, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, народот на Северна Македонија и претставниците на повеќе државни и општествени институции се поклонуваат и оддаваат почит за неговата огромна историски улога во македонското револуционерно движење.

Гоце Делчев беше инспиратор и двигател на Македонската револуционерна организација (МРО) кој постојано се залагаше за единството и заедништво кои ги препозна како движечки елементи во борбата за создавање на самостојна македонска држава.