Решени 873 барања од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk

Сподели

 

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се дури 873 проблеми, информираат од Град Скопје.

Најголемиот број граѓани на овој меил пријавиле локации на кои се создаваат диви депонии, се интересирале за процедурите за сечење суви дрвја, побарале поставување семафори, сообраќајни знаци или столпчиња за да се спречи непрописното паркирање на јавните површини, а има голем број предлози и за подобрување на јавниот превоз.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани, информираат од Град Скопје.