Санкционирани 953 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата надржавата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.