На 17-ти февруари 1963 година пред точно 59 години роден е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Ер Џордан.
НБА лигата не беше повеќе иста откако Џордан во 1984 се појави на драфтот и на терените во лигата и беше најзаслужен за нејзина популација ширум светот.
Тој е роден во Бруклин, Њујорк и од рана младост покажувал победнички дух и желба за напредок, а во 1981 година се запиша на колеџ во Северна Каролина и станува значаен член на кошаркарскиот тим.
Џордан со Каролина ја освои НЦАА титулата, а токму тој беше стрелец на победничкиот кош.
Во наредните 2 години ја освојуваше титулата за играч на годината во НЦАА лигата, а во третата година одлучи да се испроба во НБА лигата.
Беше избран од страна на Чикаго Булс како трет пик на еден од најаките драфтови во историјата на НБА, на истиот беа и Хаким Олајџувон, Сем Боуви, Чарлс Баркли и Џон Стоктон, а истата година беше Олимпијадата во Лос Анџелес, на која настапи и Џордан за САД и го освои златниот медал.
Во првата година го однесе Чикаго Булс до плејоф разигрувањето, имаше просек од 28 поени, беше прогласен за дебитант или руки на годината и беше избран за Ол стар натпреварот.
Мајкл стана првиот играч кој по Вилт Чемберлејн успеа да постигне повеќе од 3000 поени во една сезона, а во 1988 година ја освои првата МВП титула, која ја освојуваше уште четири пари во својата богата кариера.
Булси со него во 1990 година играа финале на Истокот, а веќе наредната година стигна шампионската титула по триумфот над Лос Анџелес Лејкерс.
Чикаго ја одбрани титулата и во наредните две сезони и така ја потврдија доминацијата, а потоа следеше повлекување на Џордан од кошарката поради смртта на неговиот татко Џејмс, кој беше застрелан од двајца тинејџери за време на грабеж, а во тие години кога беше надвор од НБА се занимаваше со бејзбол.
Летачкиот Џордан се врати по година ипол назад на својата љубов кошаркарката и тоа на голема врата каде со Чикаго освои уште три титули по ред, а од тоа време останаа запаметени дуелите против Карл Мелоун, Џон Стоктон.
Следеше уште едно повлекување и уште едно враќање во 2001 година, но овојпат во дресот на Вашингтон каде играше во наредните две сезони, за да во 2003 и официјално се повлече од кошарката.
Мајкл Џордан ќе остане запаметен по одличната игра на низок пост, одличната одбрана и превземање на одговорноста во најважните моменти, а просечно во својата кариера бележеше 30.1 поен по натпревар, 6.2 скокови, 5.3 асистенции и 2.3 украдени топки.
Неговата легендарна изјава ќе остане запаметена:
„Промашив повеќе од 9000 шутеви во кариерата, изгубив скоро 300 натпревари, 26 пати шутирав за победа, но промашував, а во животот безброј пати имав падови и баш поради нив и успеав“.
Со Џордан често се споредуваат некои нови деца, но јасно е дека уште долго никој нема да може да го надмине сето она што оваа легенда го направи за кошарката, како и за нејзината популација ширум светот.
Уживајте во неговите најдобри потези од неговата пребогата кошаркарска кариера…
The post ВИДЕО: Најголемиот на сите времиња во кошарката наполни 59 години – Среќен роденден легендо! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico