Седница на владата за состојбата во Украина

Сподели

 

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи 17-та редовна седница.

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.