Зеленски прогласи воена состојба во целата земја

Сподели

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска прогласи воена состојба низ целата земја. Зеленски рече дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција во Украина и ги предупреди другите земји дека секој обид да се попречи руската акција ќе доведе до „последици какви што досега не сте виделе во историјата“.

„Русија изврши напади врз нашата воена инфраструктура и врз нашите граничари и гранични одреди. Воведуваме воена состојба во целата наша земја“, рече Зеленски.

Тој го повика народот на Русија да протестира против војната во Украина, јавија украинските медиуми.

„Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи се уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина”, напиша Зеленски на Твитер.

Тој ги повика Украинците да им ја кажат вистината на своите познаници за војната во Украина.

„Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи се уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина. Почитувани граѓани, кои имаат роднини во Русија, кои имаат пријатели, новинари, кои познаваат блогери, ве молиме побарајте ги, тие мора постојано да зборуваат за тоа, тогаш Русија ќе ја знае вистината”, напиша Зеленски на Твитер.