Европската куќа на фудбалот подготви уште една акција против Русија.
УЕФА е подготвена да се откаже од еден од најголемите спонзори на Лигата на шампионите, рускиот нафтен гигант Газпром и да ја прекине соработката, јавуваат британските медиуми.
Се поради руската инвазија на Украина, со услов, за разлика од одлуката руските клубови и репрезентацијата да не смеат да бидат домаќини на нивно тло, како и од отповиканото финале од Лигата на шампионите во Санкт Петербург, УЕФА ќе претрпи штета.
Ќе остане без сериозни пари бидејќи според од договорот добиваа 40 милиони евра годишно од Газпром.
Бидејќи лани во мај потпишаа нова соработка на три години, УЕФА со тој потег ќе загуби околу 90 милиони евра.
Газпром ја спонзорира УЕФА од 2012 година и досега немаше никакви проблеми се додека УЕФА не доби притисок од сите страни поради партнерството со нафтениот гигант во екот на војната меѓу Русија и Украина.
Германскиот второлигаш Шалке исто така поради истата причина се откажа од Газпром и остана без многу пари.
The post УЕФА им го зема финалето на Русија од ЛШ, а сега се откажа и од главниот спонзор! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico